Целта на оваа платформа ќе биде обединување на сите политички чинители и градење на државен став со кој ќе се гарантира достоинствениот пат на Македонија за влез во Европската унија
Претседателот на движењето ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски на Свечената академија што се одржа по повод една година од формирањето на партијата рече дека утре официјално ќе понудат Национална платформа за македонско национално единство и дефинирање на македонските национални црвени линии до сите парламентарни политички партии во земјава. Целта, како што кажа тој е обединување на сите политички чинители и фактори кон создавање на заеднички државен став со кој ќе се гарантира и обезбеди достоинство на Македонија во остварувањето на државните стратешки цели како полноправното членство во Европската унија.
„ЗНАМ нуди платформка за национално обединување, за заедничко градење на силна, моќна, слободна и европска Макеоднија, во која сите граѓани се еднакви во правата и одговорностите кон идните генерации, платформа за мир, слобода и реален вистински соживот, бидејќи ова што денес го живееме, во општество каде децата ни се поделени од градинка и основно образование е само фикција, за земја која на секој граѓанин му обезбедува спокој, можност за развој и чувство на достоинство“,
рече Димитриевски.
Максим Димитриевски повика на сплотеност за заедничките вредности и оти е дојдено време кога сите поделби, раздори и непочитувања треба да завршат, оти Македонија е се што имаме. Обраќајки се кон премиерот Христијан Мицкоски кој беше гостин на свеченоста, Димитриевски рече дека пред нив претстои голема работа, но и дека „ЗНАМ“ ќе го поддржи овој концепт и оти секогаш ќе работат за подобра иднина на македонскиот народ и на граѓаните на Македонија.
„Ние сме во Владата да преземеме одговорност, да бидеме фактор на стабилност, да креираме свои политики, да го подобриме животниот стандард на граѓаните, да изградиме законска и безбедна држава, да изградиме вистински соживот, да обезбедиме правда, да направиме реформи и да обезбедиме идните поколенија да останат тука, на оваа грутка земја, затоа што без нашите деца Македонија ја нема. Како дел од Владата побаравме и добивме одговорни и можеби најтешки ресори. Но, како и досега храбро се фативме во костец со затекнатите проблеми, и како што не личи нас од „ЗНАМ“,
рече Димитриевски.