Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 2 декември 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува претседателот на СДСМ, Венко Филипче
Што би се решило на лидерска средба по последните тензии на меѓуетнички план – е едно од прашањата до претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, кој е гостин во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Зборуваме и за составот на новото раководство на СДСМ, дали има кадровска криза во партијата, за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека Филипче „избра кадри кои се продолжена рака на Зоран Заев“, за реакцијата на Петре Шилегов со споделувањето на песната „Во бестрага“… Имаше ли забошотување на отчетниот конгрес, кои се причините за тешкиот изборен пораз и дали ДУИ е коалицискиот партнер кон кого биле сервилни? Дали пратеничката група е „диво месо“ имајќи предвид дека никој од нив не е дел од новото раководство на СДСМ? Што ќе се смета за успех на локалните избори, има ли СДСМ кандидат за градоначалник на Скопје и како ВМРО-ДПМНЕ успеа да се дистанцира од Данела Арсовска – се, исто така, меѓу прашањата. Со Филипче зборуваме и за неговите односи со Зоран Заев и влијанието на експремиерот на актуелната внатрепартиска динамика.