Групата, вклучувајќи бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во државата, заедно со уште двајца македонски државјани, од кои едниот е роден во Сирија, во период од речиси една година прифатиле пет Бразилки на возраст од 26 до 38 години и ги сместиле во претходно изнајмени станови во комплексот „Џевахир холдинг“ во Скопје
Четвртоосомничениот во повеќе наврати бил корисник на сексуални услуги на една од девојките, а со одобрување на првоосомничената и паричен надоместок од најмалку 5 000 евра по патување, исплаќан на првоосомничената, девојката го придружувала на неговите патувања во Рим и Лондон
Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје изрече мерка притвор за четири лица што вчера се уапсени при претрес на пет локации во Скопје и во Куманово, поради постоење на основано сомнение за посредување при вршење проституција и перење пари.

Според Министерството за внатрешни работи, осомничените организирале мрежа за врбување, превезување и сместување жени од Бразил во Скопје, со цел вршење проституција.
Како што информираат од Обвинителството, постои сомнение дека тројца од приведените сториле кривични дела за посредување при вршење проституција и за перење пари, а четвртоосомничениот за перење пари.
Групата, вклучувајќи бразилска државјанка со дозвола за привремен престој во државата, заедно со уште двајца македонски државјани, од кои едниот е роден во Сирија, во период од речиси една година прифатиле пет Бразилки на возраст од 26 до 38 години и ги сместиле во претходно изнајмени станови во комплексот „Џевахир холдинг“ во Скопје.
„Девојките во двата стана каде биле сместени, давале сексулани услуги на клиенти кои со нив стапувале во контакт преку меѓународна веб-страна наменета за понуда на ескорт девојки во цела Европа. На веб-страната девојките имале креирани еден или повеќе профили на кои биле објавени телефонски броеви, ценовник на сексуални и дополнителни услуги и фотографии со експлицитна содржина“,
информираат од Обвинителството.
Првоосомничената, како што се вели во соопштението од Обвинителството, ги контролирала профилите на девојките и контактирала со потенцијалните клиенти. Го определувала времетраењето на давањето на услугите, кои се движеле од 150 евра за половина час, 200 евра за еден час, 300 евра за два часа, 450 евра за три часа и 800 евра за цела ноќ сексуални услуги, а одборувала и дополнителни услуги за клиентите, кои чинеле од 70 евра, па нагоре. Истовремено, таа ја гарантирала и безбедноста на девојките.
За нејзниот ангажман добивала 30 отсто од заработувачката на девојките, која ја делела со второ- и третоосомничениот, кои организирале превоз, сместување, безбедност и грижа за секојдневните потреби на девојките.
„Со намера да го прикрие изворот, локацијата и вистинските сопственици на паричните средтва стекнати со посредување при вршење проституција, првоосомничената дел од парите преку електронски трансфер на пари за една година уплатила 26 151 евра кон четири лица во Португалија и три лица во Бразил. Второосомничениот износ од 3 000 американски долари ги уплатил кон едно лице во Норвешка, а во повеќе наврати извршувал готовински исплати на парични средства во износи од 440 евра по основ на закупнина за становите во кои девојките престојувале и ги давале сексуалните услуги. Третоосомничениот износ од 1 965 евра преку субагент за трансфер на пари ги испратил на првоосомничената на нејзина сметка во Португалија, а 150 евра испратил кон физичко лице во Колумбија“,
се вели во соопштението од Обвинителството.
Четвртоосомничениот во повеќе наврати бил корисник на сексулани услуги на една од девојките, а со одобрување на првоосомничената и паричен надоместок од најмалку 5 000 евра по патување, исплаќан на првоосомничената, девојката го придружувала на неговите патувања во Рим и Лондон.
„Откако ја стекнал довербата кај девојката и креирал профил на веб-платформа за тргување на криптовалути, со цел да го прикрие потеклото на парите што таа ги прибавила со проституција, иако знаел дека се прибавени со казниво дело. На тој начин девојката непречено можела да врши трансакции и да го прикрие изворот на паричните средства“,
информира Обвинителството.
Со тоа, осомничените сториле кривично дело перење пари и други приноси од казнивото дело.
При претресите, полицијата нашла мобилни телефони, лаптопи, оружје и пари во различни валути.
