Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО-алијансата
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер ѝ го честита изборот на Радмила Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО. Таа му честита и на премиерот Христијан Мицкоски за тоа што застанал зад нејзината кандидатура.
„Моите најтопли честитки за Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО, и за Христијан Мицкоски и Владата на Северна Македонија за залагањето за нејзината кандидатура. Моќна потврда за експертизата и искуството на Шекеринска и за македонската улога како ценет партнер во НАТО и на САД“,
напиша амбасадорката на САД во Скопје на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска одлучи да ја назначи македонската поранешна вицепремиерка и министерка за одбрана Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Информацијата е објавена на официјалната веб-страница на НАТО-алијансата.
„Среќен сум што можам да го објавам именувањето на Радмила Шекеринска за следна заменик-генерална секретарка. Таа е вистински верник во НАТО, ја знае работата што е потребна за да се приклучите на Алијансата и што значи да се биде полноправна членка. Со нетрпение очекувам да работам со неа додека ја презема оваа важна улога“,
изјави Руте.
