Кинескиот амбасадор во Израел бил пронајден мртов синоќа во неговиот дом во Тел Авив, соопшти израелската полиција, јавува „Ројтерс“.
Израелските власти не ја коментираа причината за смртта, а според официјалната веб-страница на амбасадата, амбасадорот има 57 години, а во Израел од февруари.
„Ројтерс“, повикувајќи се на информации од анонимки извори објавени од израелската телевизија „Канал 12“, пишува дека првичните индикации се дека станува збор за природна смрт.
Израелската полиција, пак, соопштила дека ќе ги истражува причините за смртта.