Вчера парична казна поради непочитување на одлуката за забрана за движење добија лидерот на најголемата политичка опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша
Сопругата на претседателот на Албанија, Илир Мета, Моника Круемади остана без возачка дозвола и доби парична казна за непочитување на мерките против пандемијата.
Куремади која е претседателката на третата по големина политичка партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади парично е казнета и и е одземена возачката дозвола поради непочитување на полициски час, соопшти Полицискиот комесаријат во Тирана.
Првата дама на Албанија синоќа за време на полицискиот час, од 22 часот им се придружила на актерите и други граѓани кај Националниот театар, кои протестираат против одлуката за негово уривање. Казнет е и потпретседателот на партијата Петрит Васили.
„Меѓу оние кои не го почитуваа полицискиот час од 17.30 часот до 05 наутро е и Моника Круемади која во текот на целата ноќ беше пред театарот. Сите тие парично ќе бидат казнети, а им се одземаат и возачките дозволи“,
се наведува во полициското соопштение.
Вчера парична казна поради непочитување на одлуката за забрана за движење добија лидерот на најголемата политичка опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, партискиот секретар Газменд Барди и 38 други лица, кои исто така биле пред театарот.
Пред два дена Баша, беше парично казнет и му беше одземена возачката дозвола поради непочитување на мерките за заштита од ковид-19 и ширење на болеста, бидејќи престојувал во Драч каде имал средба со претставници на трговскиот сектор во ресторан кој според предвидените мерки бил затворен.
Возачката дозвола пак, на Баша, кој живее во Тирана, му е одземена поради непочитување на мерката за забрана да се напушта територијата на Тирана, зашто е една од шестте општини кои се сметаат за црвена зона и тие се изземени од последниот пакет олеснителни мерки на Владата.