Според Управата за хидрометеоролошки работи, до средината на следната работна недела времето ќе биде стабилно со студени утра, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки. Нов влажен бран кој најпрвин ќе биде проследен со засилен јужен ветер се очекува да започне во среда кон крајот на денот
По студеното утро, со магла по одделни котлини, денеска се очекува сончево и претежно тивко време, со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Утринските температури се движат во интервал од минус 8 до еден Целзиусов степен, а максималната дневна ќе достигне од осум до 14 степени.
Во Скопје, преку ден, исто така се очекува сончево и тивко време, со мала локална облачност. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 11 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, до средината на следната работна недела времето ќе биде стабилно со студени утра. По котлините ќе има појава на утринска магла или ниска облачност, а дневните температури ќе бидат за неколку степени повисоки.
Нов влажен бран кој најпрвин ќе биде проследен со засилен јужен ветер се очекува да започне во среда кон крајот на денот.