Како што информира полицијата, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичните дела
Полицајци од СВР Скопје денеска привеле 17-годишен малолетник од Скопје осомничен за две кривични дела – тешка кражба на дрзок начин, за што вчера бил пријавен од Р. М. Џ. од Скопје и за разбојништво, за што вчера пријавило лицето Б. Х.
Како што информира полицијата, со малолетникот бил извршен службен разговор во присуство на родител и адвокат, при што тој го појаснил начинот на извршување на кривичните дела.
„Од него се одземени предмети поврзани со кривичните дела. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава против малолетникот“,
соопштија од МВР.
Претходно, Министерството за внатрешни работи во дневниот билтен информира дека вчера во 18 часот, Р. М. Џ.(46) пријавила дека околу 15:30 часот едно лице со употреба на физичка сила ѝ одзело чанта во која имало пари, лични документи и други лични предмети. Истиот ден во 19 часот А. Џ. (32) пријавила дека околу 17:10 часот едно лице со употреба на физичка сила се обидело да ѝ ја одземе чантата, а откако не успеало, физички ја нападнало, а во 21 часот Б. Х. (27) пријавила дека едно лице со употреба на физичка сила се обидело да ѝ ја одземе ташната.