Хани извршуваше важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик-министер. Беше заменик-генерален секретар во Владата на Христијан Мицкоски до крајот на јули годинава, кога на негово место беше назначен Хасим Муртезани од Движењето Беса
По кратко боледување, вчера почина Тахир Хани, поранешен висок функционер на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и доскорешен заменик-генерален секретар на Владата.
Веста за смртта на Хани ја објави неговата матична партија.
„Со длабока тага ве известуваме дека денеска по кратко боледување почина нашиот пријател Тахир Хани“,
соопштија синоќа од ДУИ во објава на Фејсбук.
Погребот е најавен за денеска во 15 часот на гробиштата во струшкото село Велешта.
Тахир Хани е роден е на 15 декември 1961 година во Струга. Извршуваше важни државни функции, меѓу кои пратеник, министер, заменик-министер. Беше заменик-генерален секретар во Владата на Христијан Мицкоски до крајот на јули годинава, кога на негово место беше назначен Хасим Муртезани од Движењето Беса.