Саздовски работел во „Биосенс“ повеќе од една година, а речиси секој викенд се враќал во Македонија, каде што живее неговото семејство. На пат за Македонија тргнал и вчера, кога се случи трагедијата
Васко Саздовски, македонскиот државјанин кој загина при трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, бил научник во локалниот Институт „Биосенс“, објави „Политика“.
Веста ја потврдил Владимир Црнојевиќ, директор на институтот.
„Саздовски работеше во Центарот за сензорски технологии. Се вработи во водечката европска институција како искусен научник. Имаше претходна научна кариера“,
изјавил Црнојевиќ.
Саздовски работел таму повеќе од една година, а речиси секој викенд се враќал во Македонија, каде што живее неговото семејство. На пат за Македонија тргнал и вчера, кога се случи трагедијата.
„Биосенс“ е истражувачко-развоен институт за информатички технологии на биосистемот.
Почнувајќи од денес, во Нови Сад е прогласена тридневна жалост поради смртта на 14 лица, врз кои вчера падна натстрешница на Железничката станица.