Кривичните пријави за делото убиство се поднесени за 24-годишниот Б. Б. и 25-годишниот Б. З.

Две лица добија кривична пријава за обид за убиство во престрелката што на 5 октомври се случи на улицата „Цветан Димов“ во скопски Чаир, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Кривичните пријави за делото убиство се поднесени за 24-годишниот Б. Б. и 25-годишниот Б. З.
„Денеска (01.11.2024) од страна на ЕНК до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против Б. Б. (24) за сторено кривично дело убиство по член 123 во врска со член 19 од КЗ и Б. З. (25) за сторено кривично дело убиство казниво по член 123 во врска со член 19 во врска со член 22 од КЗ“,
информираат од МВР.
Од МВР велат дека од полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје биле преземени голем број мерки и истражни дејствија за да биде расчистен случајот во кој со повреда од огнено оружје се здоби 19-годишниот А. Б.
За пукањето што се случи на 5 октомври околу 20:20 часот на улицата „Цветан Димов“, МВР тогаш нформира дека во повредениот било пукано од возило „пасат“.
