Според првичните информации што ги пренесува Радио-телевизија Србија, најмалку едно лице загинало, а има и повредени
На главниот влез на железничката станица во Нови Сад попладнево се сруши дел од натстрешницата.
Според првичните информации што ги пренесе Радио-телевизија Србија, најмалку едно лице загинало.
РТС јавува дека во несреќата има голем број повредени, но оти Итната медицинска помош засега не може да дава информации за нивниот број и за степенот на повредите бидејќи интервенциите се во тек.
На терен се медицински, полициски екипи и пожарникари.
Четири багери и осум шлепери го расчистуваат теренот, а полицијата ги блокира сите приоди кон станицата.