Литванија, Летонија и Естонија денеска на полноќ ги отворија своите меѓусебни граници, создавајќи го првиот „патнички меур“ во рамки на Европската Унија во обид да ги активираат економиите погодени од пандемијата.
Граѓаните од овие три балтички земји ќе можат слободно да патуваат во регионот, додека од патниците од трети земји ќе се бара да се бидат во изолација 14 дена.
„Балтичкиот патнички меур е можност да се отворат бизниси и е трошка надеж за луѓето дека животот се враќа во нормала“,
изјави премиерот на Литванија, Саулус Сквемелис.
Одлуката на балтичките држави се случува во момент кога Европската комисија се обидува да ги убеди членките на ЕУ да ги отворат внатрешните граници.
Ниту една од балтичките држави во средата немаше повеќе од седум нови случаи на ковид-19, а помалку од 150 луѓе починаа од коронавирус во целиот регион.
„Балтичките земји се блиски партнери со слична епидемиолошка ситуација и нивните економии се добро интегрирани, така што слободното движење на луѓе и стоки е многу важно за регионот“,
рече Арнолдас Пранкевичиус, претставник на ЕК во Литванија.
Ограничувањата за патувања се олеснети и помеѓу Финска и Естонија, како и помеѓу Полска и Литванија, но само од деловни или образовни причини.