Опозициските советници реагираат дека биле сериозно загрижени за менталното здравје на градоначалникот од редовите на СДСМ
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, во вечерашното гостување на ТВ 24, го нарече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски „шалабајзер и шарлатан“, поради неговите критики за тревникот на плоштадот во главниот град.
„Тој е шалабајзер, шарлатант, затоа што од функција на потпретседател на политичка партија да правиш селфи и да тврдиш дека тревата чини 538 илјади евра, е пример за класичен, неписмен примитивец, од секој аспект, кој пробува со лаги да собира политички поени“,
рече Шилегов.

На настапот на Шилегов реагираа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Скопје, посочувајќи дека биле сериозно загршижени за менталното здравје на градоначалникот.
„Згрозени сме од вокабуларот и навредите кои ги упати до нас како прв човек на град Скопје. Денес јавноста имаше можност да го види вистинското лице на Шилегов. Скопје, наместо градски татко, доби градски татко кој употребува најнедолични и навредливи зборови, какви до сега нема изговорено ниту еден политичар.Сериозно сме загрижени за здравјето на градоначалникот Шилегов, предлагаме сериозно да си поработи на своето ментално здравје“,
се наведува во реакцијата на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
