Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 5 пациенти, со што вкупно на оваа клиника има хоспитализирани 42. Од нив на кислородна поддршка се 20 пациенти, а на механичка вентилација се 3 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови пациенти, а вкупно хоспитализирани се 27. На респираторна машина се 4 пациенти и уште 3 се со потешка клиничка слика.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 3, на домашно лекување се следат уште 2 пациенти.
Во болницата во Штип се хоспитализирани вкупно 6, нема повеќе пациенти кои се следат на домашно лекување.
На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19.