Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 14 октомври 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска
Претседателката на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК), Татјана Димитровска, во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме дали и новиот состав на Антикорупциска мисли исто како и претходниот на тема „балансер“, по чија иницијатива Уставниот суд ја укина алатката со која се обезбедуваше соодветна и правична застапеност на етничките заедници во јавниот сектор. Разговараме и за патувањето на синот на премиерот во САД и за тоа колку членовите на ДИК се уверени во доволноста и автентичноста на документите врз основа на кои стигнаа до заклучок дека не се потрошени државни пари. Кога треба да се очекува одлука за (не)законитоста на именувањето на Ивана Стојановска за заменик-директорка во Агенцијата за разузнавање и до каде се со проверката на легалноста на вонредното унапредување, а потоа и назначување на Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армијата – се, исто така, дел од прашањата до Димитровска. Ги отвораме и темите за службени возила за ДКСК, како и за дипломатски пасоши за нејзините членови. Шефицата на ДКСК одговара и на прашања за оценките дека новиот состав на Антикорупциска е избор на партиите во процес во кој свој збор требаше да има граѓанскиот сектор.