Од четирите подрачја со најголем број нови случаи во последната недела доаѓаат 88% од вкупниот број новозаразени меѓу 6 и 12 мај
Во Куманово и околината, каде досега се регистрирани вкупно 410 случаи (најмногу по Скопје), во последните седум дена има само 5 новозаразени
Девет од десет новозаразени во последните седум дена во Македонија доаѓаат од подрачјата на само четири града: Скопје, Тетово, Велес и Прилеп, покажува анализата на „360 степени“ на податоците за новите случаи на ковид-19 во земјава.
Во последната недела, почнувајќи од 6 мај па заклучно со 12 мај, регистрирани се вкупно 155 нови болни во земјава. Од нив, 137 случаи или 88% се од споменатите четири града и нивните околини и тоа:
Скопје – 64
Тетово – 28
Велес – 23
Прилеп – 22
Интересно е дека во Куманово и околината, каде од појавата на новиот коронавирус во земјава па досега се регистрирани вкупно 410 случаи (најмногу по Скопје), во последните седум дена има само 5 новозаразени што упатува на смирување на состојбата во тој регион.
Еве го прегледот на новозаразени по денови во последната една недела:
12 мај 2020 г.

11 мај 2020 г.

10 мај 2020 г.

9 мај 2020 г.

8 мај 2020 г.

7 мај 2020 г.

6 мај 2020 г.
