Можно е зголемување на цените на услугите, доколку Владата формира фонд за поддршка на медиумите што би го финансирале кабелските оператори.
Од Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ – Скопје велат дека не се согласуваат со ваквите најави на владата, затоа што нејзината реализација може да придонесе и за исклучување на одредени телевизиски канали.
„Стопанската интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје не се согласува со намерата на Владата да се формира фонд за подршка на медиумите, а кој фонд ќе треба да го финансираат кабелските оператори.Ваквата намера на Владата ќе предизвика зголемување на месечната претплата. Доколку Владата ја донесе уредбата со законска сила со која ќе се формира фонд за подршка на ‘профитабилни’ медиуми, ја известуваме јавноста дека кабелските оператори ќе бидат приморани да ја зголемат месечната претплата на своите претплатници или да пристапат кон исклучување на телевизиските канали кои во овие тешки времиња сакаат да се богатат на грбот на граѓаните“,
се наведува во соопштение од Стопанска интересна заедница на оператори на кабелска мрежа МК НЕТ Скопје.
