Почнуваат координации со соседните земји за справување со коронавирусот. Овие подготовки имаат за цел да се донесе координирано олеснување на мерките за спречување на внесување и ширење на ковис-19 и да се овозможи безбедно патување во странство на граѓаните кога условите ќе го дозволат тоа, соопштуваат од Владата, повикувајќи се на информација од Министерството за здравство.
Како што се соопштува, Владата на вчерашната седница донесе измени на одлуките за мерките за спречување на ширење на коронавирусот и за забрана и посебен режим на движење на територијата на Северна Македонија, со која се дозволува службено патување на избрани и именувани лица во странски држави.
Во одлуката, како што се наведува во владиното соопштение, е наведемо дека заради координации и други работни активности, поврзани со мерките за ковид-19 за овие лица нема да се спроведува државен карантин по нивното враќање во државата. Лицата се обврзани да ги почитуваат препораките и протоколите на Комисијата за заразни болести за одржување на потребно растојание и носење на лична заштитна опрема.
