За влез во Србија на странските државјани има два услови: негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 72 часа и потврда издадена од комисија составена од повече министерства што ќе се издава во српската амбасада или конзулат
Владата на Србија на денешната седница го усвои протоколот за влез на граѓаните на Србија и на странските државјани во Република Србија, во согласност со епидемиолошката состојба и заштитата на населението од заразната болест ковид-19, јави МИА повикувајќи се на соопштението од владината прес служба.
Државјаните на Србија можат да влезат во Србија и да се движат без ограничувања со негативен ПЦР тест на коронавирус, не постар од 72 часа. Доколку немаат направено тест со негативен резултат, сите српски граѓани, без исклучок, ќе треба да бидат во домашна изолација 14 дена.
За влез во Србија на странските државјани има два услови: негативен ПЦР тест за коронавирус не постар од 72 часа и потврда издадена од комисија составена од претставници на Министерството за здравство, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Министерството за надворешни работи и Министерството внатрешни работи. Овој сертификат може да се добие во српската амбасада или конзулат во земјата од која доаѓа странскиот државјанин.
Кризниот штаб за заштита на јавно здравје од заразни болести и препорачал на Владата целосно да ги отвори границите за граѓаните на 4 соседни земји – Босна и Херцеговина, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија на 1 јуни.
