Пред Собранието на Србија вечерва се собраа околу 400 поддржувачи на владејачката Срспка напредна странка (СНС) и помала група на поддржувачи на лидерот на Двери, опозиционерот Бошко Обрадовиќ.

Поддржувачите на СНС извикуваат „Бошко фашист“ и носат српски знамиња, како и транспарент со заедничка фотографија на претседателите на Србија и Кина, Александар Вучиќ и Си Џинпинг, со натпис „Срби и Кинези браќа засекогаш“.
Меѓу двете групи граѓани распоредени се припадници на полицијата и жандармеријата и досега нема инциденти.
Лидерот на Двери, Бошко Обрадовиќ, вчера започна штрајк со глад пред српскиот парламент, барајќи одложување на изборите и преговорите меѓу власта и опозицијата, по што двајца пратеници на СНС стапија со штрајк со глад барајќи од обвинителството да преземат мерки според Кривичниот законик против групата предводена од Обрадовиќ која во петокот предизвика инцидентот пред парламентот.
Вучиќ, пак, имаше обраќање и побара поддржувачите и на неговата партија и на опозицијата да не се собираат до крајот на мај поради здравствената криза. Тој изнесе информации дека на пред Собранието имало речиси 6 000 негови поддржувачи, а околу 65 поддржувачи на Обрадовиќ.
Тој рече и дека ја повикал опозицијата да разговара, но дека одбиле.