Десетици беспилотни летала наводно целеле неколку руски региони во текот на ноќта на 1 септември, вклучувајќи ја и Москва
Руската нафтена компанија „Газпром нефта“ ја прекина работата во рафинеријата „Еуро плус“ по пожарот што завчера беше предизвикан од голем напад од украински беспилотни летала, објави Ројтерс повикувајќи се на свои извори.
Десетици беспилотни летала наводно целеле неколку руски региони во текот на ноќта на 1 септември, вклучувајќи ја и Москва.
Last night and early this morning, 158 Ukrainian drones attacked 15 regions of Russia, including Moscow. Targets hit include a thermal power plant (GRES) in Tver Oblast, another GRES in Moscow Oblast, and an oil refinery in Moscow, where fires broke out and were classified at the… pic.twitter.com/ZyI8SXUSHP
— NOELREPORTS 🇪🇺 🇺🇦 (@NOELreports) September 1, 2024
Дронот наводно бил уништен во близина на нафтена рафинерија во Москва, изјави градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин. Една од зградите на рафинеријата била оштетена од пожар по нападот, јави руската режимска новинска агенција РИА Новости.
Украина сè уште не го коментира нападот.
Извори за Ројтерс изјавија дека рафинеријата „Еуро плус“ сочинува околу 50 отсто од капацитетот на целата фабрика. Тие додаваат дека рафинеријата би можела да продолжи со работа за пет до шест дена откако ќе завршат поправките.
Минатата година фабриката во Москва преработила 11,6 милиони тони сурова нафта, наведува Ројтерс.
Украинските вооружени сили редовно ги гаѓаат руските складишта и рафинерии за нафта за да го намалат рускиот воен потенцијал во војната против Украина.