Земјотрес со интензитет од 3,4 степени според европската макросеизмичка скала утрово, во 5 часот и 9 минути е почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината.
Како што соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, епицентарот на земјотресот се наоѓа на 114 километри југозападно од Скопје и потекнува од охридското епицентрално подрачје.
