„При претресот се пронајдени 73 пакувања со марихуана, 56 со кафеава прашеста материја, 13 пакувања со бела прашеста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашеста материја и пари во различни апоени, со вкупна вредност од 9 060 евра и 14 100 денари“, информираат од МВР
Притвор од 30 дена доби 54-годишната скопјанка Р.Џ. откако при претрес на нејзиниот дом се пронајдени над 140 пакувања со различна дрога. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој посочи дека претресот е направен по претходни оперативни сознанија и обезбедена судска наредба, а го извршиле полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.

Според него, секојдневните заплени на дрога и со ставањето на дилерите зад решетки го реализираат ветеното.
„При претресот се пронајдени 73 пакувања со марихуана, 56 со кафеава прашеста материја, 13 пакувања со бела прашеста материја, 14 таблети, една голема кеса со кафеава прашеста материја и пари во различни апоени, со вкупна вредност од 9 060 евра и 14 100 денари“,
соопшти министерот.

Како што информира Министерството за внатрешни работи (МВР), Р.Џ. е лишена од слобода заедно со М.А. (37) од Скопје.

Против неа е поднесена кривична пријава по брза постапка, а од судија на претходна постапка ѝ е определена мерка притвор во траење од 30 дена во затворот во Шутка.
