Основниот кривичен суд Скопје претходно го одложи почетокот на судењето против четворицата обвинети, кое требаше да биде денеска
Основниот кривичен суд Скопје за 4 септември во 10 часот ја закажа главната расправа за судењето против четворицата обвинети во случајот со грабнувањето и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.
Основниот кривичен суд Скопје претходно го одложи почетокот на судењето против четворицата обвинети, кое требаше да биде денеска.
„Главната расправа за предметот со К.бр.1339/24 поврзан со двојното убиство на малолетната
се вели во соопштението од Основниот кривичен суд.
В.Ѓ. и велешанецот П.Ж., во согласност со странките е насрочена за 04.09.2024 година во 10 часот во судница 1“,
Одложувањето дојде откако од републичкото Јавно обвинителство соопштија дека е завршена истрагата против првоосомничениот во случајот, Љупчо Палевски-Палчо, и дека надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје ќе бара спојување на овој предмет со обвинението што ОЈО Скопје веќе го поднесе против преостанатите четворица обвинети.
Од Основниот кривичен суд рекоа дека по добиениот предлог на Обвинителството ги отповикале наредбите за спровод на обвинетите кои издржуваат притвор и куќен притвор.
Инаку, како што соопштија од Јавното обвинителство, по завршувањето на истрагата против Палевски тече рокот предвиден за неговата одбрана да изврши увид во доказите.
Неговиот адвокат Марјан Витановски во изјава за „360 степени“ потврди дека на 22 јули го добиле известувањето од Обвинителството за завршената истрага и дека имаат рок од 15 дена да извршат увид во списите од предметот.
Покрај увид во списите, адвокатот рече дека имаат право да достават списи и докази прибавени од нивна страна, како и да бараат од Обвинителството да прибави определени докази, но, како што додаде, тоа нема да го направат во оваа фаза од постапката.
Од Обвинителството минатата недела соопштија и дека е завршена истражната постапка за уште едно лице осомничено за помагање по извршување на кривичното дело. Станува збор за Стефан Димовски, кој го возел Палевски од Србија преку Бугарија до Турција.
Постапката против ова лице, се додава во соопштението, ќе се води одвоено.
Љупчо Палевски-Палчо на 15 мај беше екстрадиран од Турција. Веднаш по доаѓањето во земјава беше спроведен во истражниот затвор „Скопје“ на издржување на мерката притвор што Судот му ја одреди во негово отсуство.
Палевски откако беше екстрадиран од Турција беше на распит пред судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје.
Прашан од новинарите пред судот дали ги извршил и дали се чувствува виновен за убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, тој одговори со „не“.
Додека полицијата го внесуваше во зградата, новинарите го прашаа и дали ќе се брани со молчење, тој исто така одговори негативно.
Неговиот одговор гласеше „да“ на прашањето дали има докази со кои може да докаже дека е невин.
Инаку, Палевски како првоосомничен за убиството на Ѓорчевска и Жежовски по бегството од земјава беше лоциран и уапсен во Турција, по меѓународната потерница што по него ја распишаа македонските власти преку Интерпол.
Малолетната Вања Ѓорчевска, која беше пријавена за исчезната на 27 ноември, беше пронајдена мртва во близина на Скопје на 3 декември, кога во близина на Велес беше пронајден мртов и велешанецот Панче, кој, пак, беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.