„Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и одржлив развој на компанијата, со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните корисници“, велат од Министерството за транспорт
За нов директор на АД МЕПСО е назначен Бурим Љатифи, а за заменик-директор е поставен Александар Пауноски.
Новиот директор Љатифи е член на коалицијата „Вреди“.
Министерството за транспорт информира дека како единствен акционер на АД МЕПСО ги назначи и новите членови на Надзорниот одбор на компанијата.
Така, за членови на Надзорниот одбор на Операторот на електропреносниот систем АД пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем во државна сопственост Скопје, избрани се Јован Лазарев, Зоран Тодоровски, Елизабета Гиовска, Симона Домазетовска Марковсака, Агрон Рустеми, Звонко Бошков и Али Исмаиљ.
Надзорниот одбор, пак, како што информира ресорното министерство, на вчерашната седница ги избра и членовите на Управниот одбор, во состав: Сашко Лакински, Васе Јовевски, Анастасија Илиеска, Иван Иванов и Мартин Малиновски.
„Со изборот на новите членови на Управниот и Надзорниот одбор приоритет се дава на ефикасно управување на електропреносниот систем преку оптимален и одржлив развој на компанијата, се со цел задоволување на потребите од електрична енергија за крајните корисници“,
се вели во соопштението од Министерството за транспорт.
Управниот и Надзорниот одбор, според Министерството, ќе имаат задача да го консолидираат Акционерското друштво од наследните проблеми, да се справат со корупцијата и да ги зајакнат капацитетите на компанијата во насока на реализација на развојните проекти со кои ќе придонесат за унапредување на преносната мрежа.