На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја откорнати од земја, калливи порои и многубројни уништени куќи. Армијата беше ангажирана во поставувањето на привремен понтонски мост кој повторно ќе ја поврзе погодената област со најблискиот град Чоралмал
Најмалку 23 лица загинаа, а повеќе од 70 се повредени во лизгање на земјиштето во ридската јужна индиска држава Керала, соопштија властите додавајќи дека спасувачките операции се отежнати поради уривањето на главниот мост во областа.
„Дури 23 лица ги загубија животите, а над 70 се повредени. Многу луѓе најверојатно завршија во поплавата на реката Чалијар“,
изјави министерката за здравство на таа индиска држава Вена Џорџ, пренесува „Индијан експрес“.
Министерот за шуми во Керала, А К Сасендран, ја опиша ситуацијата како „сериозна“ и предупреди дека во текот на денот се очекуваат нови врнежи во областа Вајанад, каде што се пријавени неколку одрони.
На телевизиските снимки се гледаат паднати дрвја откорнати од земја, калливи порои и многубројни уништени куќи. Армијата беше ангажирана во поставувањето на привремен, понтонски мост кој повторно ќе ја поврзе погодената област со најблискиот град Чоралмал.
Погодената област Керала е позната по имотите со чај и кардамон. Се стравува дека многу работници кои работеле на овие имоти и кои живеат во импровизирани шатори загинале. Керала често е погодена од обилни дождови и поплави, а во 2018 година 400 луѓе ги загубија животите во една од најлошите поплави регистрирани во државата.