Повеќе сведоци изјавиле дека децата биле избодени насекаде по телата. Жртвите, според нив, биле на возраст од околу 10 години

На час по танц и јога во англиски Саутпорт, маж влетал со нож при што повредил најмалку осум лица, меѓу кои и деца. Тој веднаш бил уапсен и кај него бил пронајден нож. Полицијата го идентификувала напаѓачот како 17-годишно момче и не го поврзува настанот со тероризам.
„Ливерпул еко“ јави дека две деца се убиени.
Повредените биле превезени во болница. Лицето кое прво повикало полиција, пред англиските медиуми раскажал дека глетката била како во хорор-филмовите. Според него, мета на нападот биле девојчиња.
Повеќе сведоци изјавиле дека децата биле избодени насекаде по телата. Жртвите, според нив, биле на возраст од околу 10 години.
Полицијата ги повика луѓето да ја избегнуваат областа.
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека нападот е „ужасен и длабоко шокантен“ и им се заблагодари на службите за итни случаи за нивниот одговор.