Шефот на македонската делегација, Владимир Богоевски, на прес-конференцијата пред заминувањето во Франција, соопшти дека поради здравствени проблеми настапот морала да го откаже пливачката Ива Петровска, па наместо седум, во Франција ќе се натпреваруваат шест македонски спортисти
Македонскиот олимписки комитет денеска ги промовира шестемина натпреварувачи кои ќе учествуваат во име на Република Северна Македонија на Олимпијадата во Париз.
Шефот на македонската делегација, Владимир Богоевски, на прес-конференцијата пред заминувањето во Франција, соопшти дека поради здравствени проблеми настапот морала да го откаже пливачката Ива Петровска.

Наместо седум, ќе имаме шест претставници на ЛОИ 2024: Владимир Егоров ќе се натпреварува во борење до 57 кг во слободен стил, Никола Ѓуретановиќ во пливање (400 метри слободно), Анастасија Мојсовска, стрелаштво (10 метри воздушна пушка), Еди Шерифовски, џудо, Мила Релиќ, теквондо, и Дарио Ивановски, атлетика (маратон).
Македонското знаме на свеченото отворање ќе го носат атлетичарот Ивановски и теквондистката Рељиќ.
Освен спортистите, Македонија свои претставници ќе има и помеѓу делителите на правдата. Во ракометот тоа ќе бидат Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, Иван Михајловски во триатлон и Анета Павловска во тенис.
Олимпијадата во Париз ќе се одржи од 26 јули до 11 август.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека неговата држава, особено Париз е подготвен за Олимписките игри.

„Подготвени сме и ќе бидеме подготвени во текот на Игрите“,
изјави Макрон.
Министерот за внатрешни работи, Жералд Дарманен, изјави дека пред почетокот на ОИ биле спроведени еден милион административни истраги и било утврдено дека 4 355 лица би можеле да претставуваат закана. Проверки се направени за сите лица кои на каков било начин ќе учествуваат во Париз (како и на Параолимписките игри од 28 август до 8 септември). Проверени се спортисти, тренери, новинари, волонтери, приватно обезбедување, дури и граѓаните кои живеат во близина на одржувањето на церемонијата на отворањето на ОИ.