Приоритет во гаснењето имаат пожарите во Општина Чашка – с. Габровник, с. Мокрени, с. Јаболчиште, с. Дреново врв Лисец, каде што ќе бидат ангажирани два хеликоптера (МВР и АРМ), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 55 припадници на Армијата, информира ЦУК
Од вкупно 30 пожари на отворен простор во текот на вчерашниот ден, сѐ уште активни се девет пожари на територијата на Северна Македонија. Од Центарот за управување со кризи информираа дека под контрола се шест пожари (кои не можат да се шират, но сѐ уште има горење), а 15 пожари се целосно изгаснати.
Во согласност со проценетите ризици и опасности, од ЦУК велат дека приоритет во гаснењето имаат пожарите во Општина – с. Габровник, с. Мокрени, с. Јаболчиште, с. Дреново врв Лисец, каде што ќе бидат ангажирани два хеликоптера (МВР и АРМ), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 55 припадници на Армијата.

Исто така ќе се дејствува и во Општина Македонски Брод, с. Тажево кон с. Брезница, каде што ќе биде ангажиран хеликоптер на АРМ („ми 17“), со дополнителни ангажирани локални сили и поддршка од 30 припадници на Армијата.
„Општина Кавадарци, с. Фариш, ќе дејствуваат два ‘ер-трактори’ од ДЗС, со дополнителни ангажирани 20 припадници на САЕ ‘Тигар’ на МВР. Општина Градско, Криволак кон Брегалница, пожарот кој доаѓа од Криволак, ќе бидат ангажирани 30 припадници на САЕ ‘Тигар’“,
посочуваат од ЦУК.