Евроинтеграцискиот процес на земјава и предизвиците со кои се соочуваат ЕУ и европскиот континент биле едни од темите разговор на претседателката со претставниците на Вишеградската група. Во оваа насока Сиљановска-Давкова ја нагласила важноста од фер третман, соодветно и мериторно вреднување на досегашниот реформски напредок на земјава и исполнувањето на копенхагенските критериуми во процесот на евроинтеграциите
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска се сретнала со амбасадорите на земјите од Вишеградската група – Полска, Чешка, Словачка и Унгарија. Присутни на средбата биле полскиот амбасадор Кшиштоф Гжелчик, амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва, на Словачка, Хенрик Маркуш и заменик-шефот на мисијата во Амбасадата на Унгарија, Кристина Тихањи.

Евроинтеграцискиот процес на земјава и предизвиците со кои се соочуваат ЕУ и европскиот континент биле едни од темите разговор на претседателката со претставниците на Вишеградската група. Во оваа насока Сиљановска-Давкова ја нагласила важноста од фер третман, соодветно и мериторно вреднување на досегашниот реформски напредок на земјава и исполнувањето на копенхагенските критериуми во процесот на евроинтеграциите.
„Претседателката истакна дека земјите од Вишеградската група отсекогаш биле гласни поддржувачи на нашиот регион и промотори на политиката на проширување на Европската Унија и се заблагодари за нивната солидарност, помош и споделување на експертските искуства во евроинтегративниот процес. Ја истакна подготвеноста за примена на добрите примери и практики развиени во Вишеградската група и се заблагодари за техничката помош во градење на капацитетите на граѓанското општество“,
информираат од кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Соговорниците изразиле уверување и за натамошно унапредување на севкупните билатерални односи.