„Сè уште не сме го добиле официјално, но разговаравме на телефон. Побараа од Северна Македонија да им помогнеме да го изгаснат пожарот. Слични барања има и од Република Српска. Мислам дека имаме доволно капацитет за помош во двете држави истовремено, во хуманата акција за гасење пожари“, вели Дачиќ
Србија ќе испрати во Северна Македонија хеликоптери за гаснење на пожарите, вели српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ.
Дачиќ додава дека барањето за помош од Северна Македонија поради големиот број пожари што избувнаа го добил телефонски, а оти официјално се уште не е пристигнато.
„Сè уште не сме го добиле официјално, но разговаравме на телефон. Побараа од Северна Македонија да им помогнеме да го изгаснат пожарот. Слични барања има и од Република Српска. Мислам дека имаме доволно капацитет за помош во двете држави истовремено, во хуманата акција за гасење пожари“,
рече Дачиќ, јавува дописникот на МИА од Белград.
Тој додава дека Србија ќе испрати хеликоптери за гаснење на пожарите и вели оти не сака тоа да биде оценето како испраќање хеликоптери заради остварување на воена доминација.
Премиерот Христијан Мицкоски, вчера во објава на Фејсбук, најави дека земјата наскоро ќе добие помош во борбата против пожарите од Србија, Словенија, Црна Гора и Турција.
Денеска од Република Турција веќе стигнаа еден хеликоптер и два „ертрактори“ кои веднаш се на терен и интервенираат во гаснењето на активните пожари.
Поради големиот број на пожари кои ја зафатија земјава, Владата во саботата прогласи кризна состојба која ќе трае 30 дена. Најголеми пожари има во околината на Неготино и на планината Серта.
Во текот на изминатото деноноќие изгаснати се 17 пожари, а девет се се уште активни и од утрово се гаснат со авиони и хеликоптери.