Во меѓувреме, како што рече министерот, ќе се разгледа опцијата дел од итните хируршки зафати, за чија интервенција не може да се почека подолг период, да се вршат во Градската општа болница „8 Септември“
Министерот за здравство Арбен Таравари денеска изјави дека веќе е објавен тендер за компресорите за хируршките сали на Клиничкиот центар во Скопје и изрази надеж дека проблемот би можел да се реши до крајот на декември годинава, кога компресорите би биле ставени во функција.
„Полека се наоѓа решение за проблемот со хируршките сали на Клиничкиот центар. Веќе е објавен тендер за компересорите кои не работат. Максимум времето до кога треба да се поправи и да се завршат и да се вратат во функција се надевам дека ќе биде крајот на декември. Во меѓувреме ќе инсистираме доколку може што поскоро да заврши да бидат функционални салите на Хирургија во Клиничкиот центар“.
рече Таравари.
Во меѓувреме, како што рече министерот, ќе се разгледа опцијата дел од итните хируршки зафати за чија интервенција не може да се почека подолг период, да се вршат во Градската општа болница „8 Септември“.
Прашан околу реновирање на операционите сали во „8 Септември“, Таравари рече дека не бил да ги види, но дека исто како и оние на Клинички, и овие сали не се во добра состојба. Најави консултации со Министерството за финансии и рече дека доколку оттаму добие дозвола и доколку постои начин за менаџирање на плаќањето во неколку години, ќе инсистира да се започне со реновирање на операционите сали.