Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 24 јуни 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика
„Како просечна цена, ќе се движиме тука некаде, да биде нешто минимално, да нема никаков ефект. Не знам сега да кажам, 1% зголемување, мислам дека не е никаков проблем за домаќинствата“, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Со Бислимоски разговараме пред одлуката за новата цена на струјата за домаќинствата која ќе важи од 1 јули. Во фокус се елементите што прават притисок врз цената како што зголемувањето на цената по која ЕСМ ќе и ја продава струјата на ЕВН Хоум во следните шест месеци, одлуката на Владата ЕСМ да обезбеди само 85 отсто, а не 100 отсто од потребите на струја за универзалниот снабдувач и заминувањето на мали потрошувачи од регулираниот на слободниот пазар. Бислимоски го прашуваме и дали може да биде разрешен од новото мнозинство во Собранието, дали се познава со премиерот Мицкоски и министерката за енергетика Божиновска, за првата инвестиција во енергетскиот сектор во мандатот на новата влада – ветерниот парк во Штипско… Тема е и можното намалување на цената на парното во Скопје.