Фудбалската репрезентација на Албанија игра клучен меч во понеделник од групната фаза, против Шпанија. Доколку Албанија ја помине групата, Даку нема да игра во осминафиналето

- ФФМ бара извинување од репрезентативецот на Албанија, Даку за пцовките упатени кон Македонците
- Албанскиот репрезентативец Даку се извини: Жалам ако сум навредил некого по мечот со Хрватска
Албанската фудбалска федерација соопшти дека УЕФА го суспендирала фудбалерот Мирлинд Даку со забрана од два натпревари откако неодамна ги поведе албанските навивачи кон националистички скандирања против Македонија и Србија, на Европското првенство кое се одржува во Германија.
По натпреварот со Хрватска (2:2) кој се одигра во средата во Хамбург, Даку со мегафон во рацете скандираше против Србија и Македонија.
УЕФА исто така изрече казна од 47 250 евра за инцидентите на натпреварот кога албанските фанови заедно со Хрватите пееја антисрпски слогани.
По тој инцидент се огласи Фудбалската федерација на Србија, која рече дека ќе го напушти турнирот доколку не бидат изречени казни.
Фудбалската репрезентација на Албанија игра клучен меч во понеделник од групната фаза, против Шпанија. Доколку Албанија ја помине групата, Даку нема да игра во осминафиналето.
Под притисок на јавноста, фудбалерот подоцна се извини преку социјалните мрежи.
Дваесетишестгодишниот напаѓач својата кариера во албанскиот дрес ја започна минатата година откако претходно настапуваше за Косово.