Операторот на преносниот систем во Албанија соопшти дека причините за прекинот на електричната енергија се поради голем обем на потрошувачката, како и екстремно високите температури, кои, како што се вели, предизвикале дефекти на интерконекциската линија со Грција
Голем број на градови во Босна и Херцеговина, Црна Гора, дел од Хрватска и Албанија денеска попладне останаа без струја, пренесуваат балканските медиуми. Според првичните информации, се работи за регионален колапс поради големо оптоварување, односно поради нагло зголемување на потрошувачката на струја поради високите температури.
Токму поради големите прекини на струја, во многу делови од регионот се случува и колапс и во сообраќајот. Според босанските медиуми, таков бил случајот со Сараево.
Без струја останале хрватските градови Сплит, Омиш, Макарска, Дубровник и Жупа Дубровачка, Каштел, Солин, Водице, Првиќ, Задар, Стариград Пакленица, како и бројни острови на хрватското приморје.
Операторот на преносниот систем во Албанија соопшти дека причините за прекинот на електричната енергија се поради голем обем на потрошувачката, како и екстремно високите температури, кои, како што се вели, предизвикале дефекти на интерконекциската линија со Грција.
„Хаваријата започна од интерконективната линија со Грција, а потоа продолжи каскадно низ целата земја. Се преземаат мерки за враќање на електричната енергија на сите потрошувачи“,
изјавија од преносниот систем оператор во Албанија.
Од термоцентрали во Електропривреда БиХ велат дека проблемот е надвор од БиХ, односно на рутата меѓу Албанија, Северна Македонија и Црна Гора.
„Нашите производствени капацитети се подготвени, нашите луѓе во диспечерските центри работат согласно процедурите, комуницираме со Независниот системски оператор во БиХ и веќе полека добиваме дел од напонот, а во некои делови снабдувањето со електрична енергија веќе се враќа“,
велат оттаму.
Според Електропривреда БиХ, доаѓаат повици од различни компании чиј бизнис зависи од снабдувањето со електрична енергија, но дека немаат прецизни информации за тоа кога би можело да се нормализира снабдувањето
Сепак, посочија и дека хидроцентралите се способни да произведуваат струја.
Црногорскиот електродистрибутивен систем на својата официјална Фејсбук страница објави дека дошло до прекин на мрежата на црногорскиот електропреносен систем и дека речиси целата област на Црна Гора е без струја.
Од „Електропривреда Србија“ изјавија дека состојбата е стабилизирана и засега нема проблеми со снабдувањето со електрична енергија во таа земја.
И во Црна Гора почнува постепено вклучување на електричната енергија. Спореед хрватските медиуми, струја почнале да добиваат повече градови во Далмација.