Македонската платформа против сиромаштија оваа награда ја доделува седма година по ред
Седум новинари и новинарки се добитници на овогодишната награда „Гласник на невидливите“ што ја доделува Македонската платформа против сиромаштија (МППС), меѓу кои и новинарот на „360 степени“, Михаил Милошевски за текстот „Во чевлите на лицата со попреченост – секојдневна битка да се влезе дома, во автобус, па дури и на доктор“.
Годинава добитници на „Гласник на невидливите“ се Бјанка Станковиќ – „Менструацијата продолжува да биде луксуз во Македонија“, Бојан Стојковски – „Суровиот живот на улица и надежта за втора шанса“, Гоше Николов – „ЗОШТО (НЕ) Е ТАКА: Најчестите митови и дезинформации за лицата со попреченост“, Мирјана Мирчевска Јовановиќ – „Реaкции по укинувањето на додатокот до 6 000 денари за дел од децата со Даунов синдром“, Михаил Милошевски – „Во ‘чевлите’ на лицата со попреченост – секојдневна битка да се влезе дома, во автобус, па дури и на доктор“, Тони Ајтовски – „Македонските печалбари во Италија не можат да го остварат своето право на пензија, по повеќе од две години“ и Теодора Цветковска – „Анекта 010 – Бојан Шашевски“.
МППС оваа награда ја доделува седма година по ред.