Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостуваат членот на организацискиот одбор на Парадата на гордоста Стефан Каракачанов и доскорашната пратеничка Санела Шкриељ, се емитува вечерва (17 јуни 2024 г.) од 23:15 часот на МРТ 1
Новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1 го реализираме од паркот „Жена-борец“ во Скопје, каде што в сабота (22 јуни 2024 г.) е зборното место за учесниците во Парадата на гордоста, петта по ред во земјава, и овој пат во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Освен за самата парада, контактите со МВР на тема безбедност и слоганот „Спектакуларно непослушни“, разговараме и за проблемите со кои се соочува ЛГБТИ-заедницата во земјава. Што може да се очекува на планот на правата на заедницата во мандатот на новата власт? Како конзервативната влада на Кирјакос Мицотакис во Грција, во која православната црква има силно влијание, донесе закон за признавање истополови бракови? Соговорници ни се Стефан Каракачанов, член на организацискиот одбор на Парадата на гордоста и програмски асистент на „Хера“, како и Санела Шкриељ, доскорашна пратеничка во Собранието. Кон крајот на емисијата ќе видите и нова „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 23:15 часот на МРТ 1.