Се верификувањето на овој парламентарен состав, им престана мандатот на пратениците од стариот собраниски состав, на новите пратеници што се носители на други функции, а на шест пратеници им прекинува функцијата во Владата и поради тоа таа ќе ги извршува само техничките функции до изборот на новата влада
Со 101 глас „за“ од вкупно 117 присутни, денеска во Собранието беше усвоен извештајот на Верификациската комисија и со тоа се верификуваа мандатите на 118 пратеници во новиот парламентарен состав.
Се верификувањето мандатите на членовите на овој парламентарен состав, им престана мандатот на пратениците од претходниот. Исто така, функцијата им престана и на новите пратеници кои се носители на други функции. На вкупно шест пратеници им прекинува функцијата во Владата заради што таа ќе ги извршува само техничките функции до изборот на нова.
Претседателката на Верификациската комисија Дафина Стојановска рече дека Комисијата ги разгледала извештаите на Државната изборна комисија за изборите и дополнителните избори во изборните единици 5 и 6 и изјавата на Билал Касами во која тој бара да не му се верифицира неговиот мандат и дека врз основа на тоа за пратеници се избрани вкупно 118 пратеници.
На ова реагираше пратеникот Димитар Апасиев од Левица кој рече дека извештајот на ДИК не соодветствува со извештајот на Верификациската комисија и го оспори барањето на Касами за кој вели дека свесно потпишал оти ќе учествува во изборната трка и добил уверение од ДИК за пратеник и дека не може да се откаже од нешто што го нема.
„Касами е избран за пратеник и по сила на законот сега треба да има избори за градоначалник на Тетово. На пратеник му истекува мандатот и може да му биде одземен само според Уставот. Пратеник може да поднесе оставка, но на собраниска седница. Собранието треба да му одземе мандат, а не Верификационата комисија како што направивте вие“,
рече Апасиев.
Тој побара одговор зошто Верификациската комисија ја констатирала оставката на Касами, а не Собранието.
По ова најстарата пратеничка Mерита Колчи Коџаџику, која раководи со седницата, повика на гласање на извештајот на Верификациската комисија.
Потоа Талат Џафери, кој ја извршува функцијата премиер во техничката влада, рече дека не може да има две функции во исто време и дека од таа причина нема да учествува во работата на Собранието до изборот на новата влада.