Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 23 мај 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Пиштоли, тапани и Албин Курти на торта – како Ларце го избра и прослави пратеникот плус за коалицијата „Вреди“;
– Финишираат преговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ за распределба на функциите во првиот ешалон на власта – владата ќе има 19 наместо 16 министерства, Африм Гаши ќе биде претседател на Собранието;
– Истражувавме и откриваме – дури 30 од вкупно 80 општини се без овластен градежен инспектор; огласи се објавуваат, но никој не се јавува;
– Дивоградбата на Пластичарска за која се ветуваше уривање и кривично гонење, ги отвори вратите за муштерии; пазаревме и ние, но фискална не добивме иако побаравме;
– „Генералка викенд“ за и Шара да стане и да остане чиста;
– Нова „Саботажа“.