Разликата по пребројани 56,95% од избирачите е околу 3 000 гласа
Владејачката ДУИ, односно коалицијата „Европски фронт“ која ја предводи, има освоено 31 377 гласа во изборната единица 6, по пребројани 56,95% од избирачите. Веднаш зад нив, со освоени 28 451 гласа, е коалицијата „Вреди“. Тоа значи дека разликата, по пребројани грубо половина од гласовите, изнесува само 3 000 гласа.
Во „македонскиот блок“, пак, ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна разлика пред СДСМ. Опозициската партија до сега има 2 918 гласа, додека ВМРО-ДПМНЕ има 8 091 гласа. Со вакви бројки, прашање е дали СДСМ ќе се избори за пратеник од оваа изборна единица.

ЗНАМ и Левица во оваа изборна единица имаат по околу 500 гласа.