Според обработени 16,95 отсто избирачи и 21,15 отсто избирачки места, за Силјановска гласале вкупно 71 777 граѓани, а за Пендаровски гласот го дале 35 302 граѓани
Државната изборна комисија објави првични резултати од претседателските избори кои покажуваат двојна предност на кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, пред кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Според обработени 16,95 отсто избирачи и 21,15 отсто избирачки места, за Силјановска гласале вкупно 71 777 граѓани, а за Пендаровски гласот го дале 35 302 граѓани.

Од вкупниот број избирачи кои гласале – 115 809, важечки ливчиња има 107 089, а неважечки се 8 438.