Од канцеларијата на Народниот правобранител информираат дека најголемиот дел од поплаките, или во десетина од повиците граѓаните, забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателските или за парламентарните избори
На денот на одржување на вториот круг на претседателските избори и на парламентарните избори биле примени 30 телефонски повици на бесплатната телефонска линија 0800 54321, а едно лице и лично пријавило повреда на избирачкото право, информираат од канцеларијата на Народниот правобранител, пренесува МРТ 1.
Оттаму велат дека најголемиот дел од поплаките, или во десетина од повиците, граѓаните забележуваат зошто биле прашани дали сакаат да гласаат за претседателските или за парламентарните избори.

Неколку лица се јавиле и од старските домови и се пожалиле дека не можеле да го остварат своето избирачко право. Поплаки има и од вработените во приватниот сектор кои денеска не биле ослободени од работните обврски,
информираат од канцеларијата на Народниот правобранител.
Освен телефонски, повреда на избирачкото право граѓаните можат да пријават и лично од 7 до 19 часот во канцеларијата на Народниот правобранител во центарот на Скопје, која се наоѓа на улица „Македонија“ број 19, веднаш спроти Спомен-куќата на Мајка Тереза.
Дежурни канцеларии на Народниот правобранител ќе има и во Струмица на телефонски број (034)329-996, Кичево на тел. бр. (045) 228-586, Тетово на тел. бр. (044) 344-082, Битола на тел. бр. (047) 242-310, Штип на тел. бр. (032) 389-701 и во Куманово на тел. бр .(031) 431-488.
Со цел да го заштити избирачкото право на граѓаните, како што соопштија од неговата канцеларија, Народниот правобранител ќе презема итни мерки за ефективно постапување од страна на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на граѓаните остварување на нивното загарантирано избирачко право.