Гоце Делчев беше човек кој обединуваше, кој имаше визија, Гоце Делчев беше и ќе остане Македонецот врз основа на кој ние ќе се сеќаваме на минатото, а врз основа на тоа минато ќе ја градиме и иднината, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев одбележувајќи 117 години од неговата смрт.
Тој вели дека ќе продолжат да обединуваат, а не да резединуваат.
„Она што сакам денеска одовде како порака да го упатам е тоа дека Гоце Делчев е столбот на современата македонска држава и Гоце Делчев е Македонија и Гоце Делчев не треба да биде предмет за какви било преговори и разговори. Ќе се обидам да ги игнорирам провокациите што доаѓаат, за жал, сега и кои се поистоветуваат во предизборието. Ние не сме како некои наши соседи, имињата на нашите дејци кои крвавеле и животот го положиле за оваа држава да ги злоупотребиме во предизборна кампања. Напротив, ние се гордееме, сме горди Македонци што сме имале таков јунак во нашата историја, а врз основа на таа историја ќе ја градиме иднината“,
изјави Мицкоски.