Израел мора да се погрижи сета помош да стигне до Палестинците во Газа без одлагање, потенцираше денеска Бајден
Претседателот на САД, Џо Бајден повика итно да се дозволи нова хуманитарна помош да стигне до Палестинците во Појасот Газа, кој е катастрофално погоден од Израел.
Неговата изјава за Палестинците следеше откако го потпиша законот за воена помош за Израел и за Украина.
„Веднаш ќе ја обезбедиме таа помош и ќе ја зголемиме…вклучително и храна, медицински материјали, вода“,
рече Бајден во однос на милијарда долари хуманитарната помош наменета за Газа.
Тој го повика Израел да реагира без одлагање.
„Израел мора да се погрижи сета оваа помош да стигне до Палестинците во Газа без одлагање. Со ова значително се зголемува хуманитарната помош што ја испраќаме до невините луѓе во Газа кои страдаат тешко“,
рече Бајден.
Тој додаде Палестинците ги трпат последиците од војната започната од Хамас.