Помеѓу скопските општини, највисока излезеност има во Карпош
Две општини надминаа излезеност од над 40% до 13 часот на гласањето за првиот круг од претседателските избори, покажуваат податоците на Државната изборна комисија. Станува збор за општините Новаци, каде што одзивот до 13 часот е 42,87%, и Крива Паланка, каде што одзивот е 42,08% во истиот временски период.
Според обработените податоци од 96,12% од избирачките места, следните општини со најголема излезеност се Пробиштип (36,77%), Крушево (36,66%) и скопската Општина Карпош (34,77%).

Според апсолутниот број на лица со право на глас што го оствариле гласачкото право, води Битола, со 23 400 граѓани кои ставиле гласачко ливче во кутиите. Потоа следуваат скопски Аеродром (22 274), Прилеп (19 411), Карпош (19 257) и Гази Баба (17 983)
