Според јавно достапните информации, во првиот круг од локалните избори кои се одржаа на 17 октомври 2021 г. излезеноста изнесувала 20,5 отсто до 13 часот од над 90% обработени гласови
Излезеноста на овие избори до 13 часот е поголема за околу четири процентни поени во споредба со последните одржани избори во земјава – локалните во 2021 година. Според податоците што ДИК ги има објавено на страницата за следење резултати, одзивот на овие избори е 24,7% со обработени 98% од податоците. Односно бројот на гласачи е 439 968 од 3 403 обработени избирачки места.

Две општини веќе надминаа излезеност од 40% до 13 часот на гласањето за првиот круг од претседателските избори, а од скопските општини највисока е излезеноста во Карпош.
Според јавно достапните информации, во првиот круг од локалните избори кои се одржаа на 17 октомври 2021 излезеноста изнесувала 20,5 отсто до 13 часот од над 90% обработени гласови.
Најголема излезеност и тогаш имало во Општина Новаци, 43,7%, а најмала во Врапчиште – 11,7%.

Од она што го соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски, излезеноста на овие избори до 13 часот е поголема и од претседателските кои се одржаа во 2019 година.
Тогаш, според податоците, излезеноста во првиот круг од претседателските избори до 13 ч. била 20,45%. Најголем одзив, како и сега, имало во Новаци, Прилеп и Демир Капија, а најмалку гласачи излегле во Врапчиште, Желино и Липково.