Според објавените податоци, во проценти најголема излезеност има во Демир Капија – 9,42%, а најмала во Пласница – 0,97%
Излезеноста на гласање до 9 часот изнесува 4,06 отсто, според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, од обработени над 92% од гласачките места. На страницата rezultati.sec.mk каде што постојано се ажурираат податоците, ДИК ги пренесува деталите за излезеноста на гласањето и по општини.

Фото: принтскрин
Според објавените податоци, во проценти најголема излезеност има во Демир Капија – 9,42%, а најмала во Пласница – 0,97%.

Според обработените податоци, во апсолутни бројки, пак, најмногу луѓе гласале во Битола и тоа 3629. Најмалку гласачи во апсолутни бројки има во Пласница, каде гласале 51 граѓанин.

Претходно, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, соопшти дека гласањето се одвива мирно и без неправилности во првите два часа од отворањето на гласачките места.
До ДИК се доставени 12 приговори за заштита на личното избирачко право, а според првичните информации на Комисијата, сите гласачки места се отвориле навреме.