Готовите лични документи ќе може да се подигнат во периодот од 8 до 19 часот

Граѓаните ќе можат да ги подигнат готовите лични документи и денеска, на денот на гласањето за избор на претседател, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Готовите лични документи ќе може да се подигнат во периодот од 8 до 19 часот.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 24.04.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 8 до 19 часот“,
се вели во соопштението од МВР.
Од МВР посочуваат дека граѓаните на Скопје ќе можат своите лични карти да ги подигнат во полициските станици.