Мицкоски е убеден дека албанската опозиција ќе биде голем губитник и поради оваа причина сега се свртува кон Ванковска и Апасиев, двете главни фигури на руската политика во Северна Македонија, велат од „Европскиот фронт“
Чувствувајќи го длабокиот пораз на 24 април и 8 мај, ВМРО и Мицкоски започнаа коалиции со сите антиевропски и антиалбански центри во Северна Македонија, велат од „Европскиот фронт“.
Оттаму наведуваат и дека единствена закана на Мицкоски е опасноста од ДУИ и „Европскиот фронт“, па помош бара дури и од Левица на Апасиев и ЗНАМ на Димитриевски, се наведува во соопштението од „Европскиот фронт“.

„Мицкоски на последните два митинга ѝ подаде рака на Левица, бидејќи веќе е убеден дека ‘Европскиот фронт’ ќе биде клучот за формирање на идната влада. Исто така, убеден е дека и албанската опозиција ќе биде голем губитник и поради оваа причина сега се свртува кон Ванковска и Апасиев, двете главни фигури на руската политика во Северна Македонија“,
пишува во соопштението од „Европскиот фронт“.